Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на сите граѓани од православна вероисповест им го честитаа големиот христијански празник Христосовото воскресение -Велигден, а на работниците Први мај.
„Негувајќи ги демохристијанските вредности членовите на ВМРО-ДПМНЕ со задоволство ја подржуваат и продолжуваат вековната православна традиција празнувањето на Велигден, кој претставува неприкосновен духовен и национален белег. Престојниот празник уште еднаш ќе не потсети дека тој свет белег на овие простори грижливо чуван од МПЦ е всушност залог за животот, победа на опстојувањето и надеж дека личните и заеднички голготи и распетија имаат крај, - изјави претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски.
Тој истакна дека во изминатиот период граѓаните биле изложени на големи предизвици,тешкотии и меѓусебните несогласувања, кои треба да бидат сменети со родољубие и љубов.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk