Велигденска честитка од Дамјановски

22.04.2011 12:02 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на верниците од православната и католичка вероисповест им го честита престојниот христијански празник Воскресение Христово- Велигден.

Велигденска честитка од Дамјановски

По повод голем христијански празник Велигден на сите граѓани од православната и католичка вероисповест им упатувам  честитка  со желба празничните денови да ги поминеме во  духовен и сеопшт мир, разбирање и толеранција.  Со почитување на традициите и вредностите го зајакнуваме нашиот дух и нашата верба. Овој голем празник ја симболизира победата на доброто над злото и влева надеж за подобро утре. Нека ни е среќен и вековен празникот. Христос воскресна! - се вели во честитката на градоначалникот Дамјановски.


 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk