Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основното училиште „Толи Зордумис“ денеска ги посетија корисниците на услугите во домот за стари лица „Зафир Сајто“, да им го честитаат големиот христијански празник Велигден.
Дечињата однесоа бојадисани јајца, а денот им го разубавија со приредба и искрени желби за добро здравје и долг живот.
„Секоја година за големите празници, нашата установа ја посетуваат ученици и претставници на повеќе организации. Денеска прво ни беа учениците од „Крсте Мисирков“ а сега и од „Толи Зордумис„. Ваквите дружења многу им значат на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваат, - изјави директорот Џемаљедин Неџипи.
Бојадисаните јајца кои ги подарија учениците ги изработиле сами, па задоволството на оние кои даруваа и оние кои примаа беше непроценливо.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk