Велигденска прослава во „Христијан Карпош“

22.04.2014 13:10 | KumanovoNews

Во основното училиште “Христијан Карпош“ денеска имаше заедничка прослава на Велигден за деца од повеќе националности.

Велигденска прослава во „Христијан Карпош“

Презентирани беа обичаите, празничната трпеза и шарените велигденски јајца.

Гости ни се сите тимови за безбедност од средните и основните училишта. Украсен ни е холот, а трпезата е подготвена од ученици. Имаше презентација на училишните активости и претстава во која дете Македонче од Англија доаѓа и со англиски акцент прашува за обичаите и му се објаснува за значењето на Велигден - вели Лидија Костиќ, директорка на училиштето.

Прославата се реализира во рамки на проектот “Безбедни училишта“ во соработка со отсек за превенција при СВР Куманово под мотото “Празниците зближуваат, празниците спојуваат“.

Целта е да се запознаат културата и традицијата на различни етнички заедници од Куманово и Липково. Во октомври муслимански празник ќе биде одбележан во “Јероним Дерада“ во Черкезе, а следната година домаќин за Велигден ќе биде училиштето “11 Октомври“ - рече Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

Понатаму се планира српски и ромски празници да се одбележуваат заеднички на ваков начин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk