Велигденски концерт на оперски надежи

19.04.2013 08:31 | KumanovoNews

 Во Народниот театар Куманово, наредниот петок концерт ќе одржат студентите по оперско пеење Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева.

Велигденски концерт на оперски надежи

Тие ќе изведат оперски арии, а на сцената  ќе бидат придружувани  од пијанистот Андреј Наунов од Скопје. Концертот ќе се одржи во два дела, со што првиот е наменет за македонскa и руска музика, а вториот за оперски класици.

На концертот најавено е дека ќе присуствува менторот Весна Гиновска - Илкова, како и звучни имиња од Музичката академија.

За првпат по 10 години во Куманово младите ќе се обидат да ја оживеат операта како посебен жанр, а на граѓаните да им понудат вистинска уметност.

Концертот почнува во 19.30 часот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk