Велигденски саем во „Кочо Рацин“

31.03.2015 06:47 | KumanovoNews

 Во основното училиште “Кочо Рацин“ на 6 април ќе се одржи Велигденски саем, на кој ќе се продаваат шарени јајца, слатки и украси.

Велигденски саем во „Кочо Рацин“

Велигденските јајца ќе ги изработат учениците од “Кочо Рацин“ заедно со врсниците од нивното партнер училиште “Наим Фрашери“, со помош од нивните родители, а во рамки на проектот за интеретничка интеграција во образованието.

“На саемот ќе можат да дојдат родители, луѓе од населбата и од градот за да си купат велигденски јајца. Парите собрани од саемот ќе бидат наменети за хуманитарни цели, било да е тоа помош на некој социјално-загрозен човек, или некој на кој му е потребно лекување“ - кажа директoрката Лидија Пешевска.

Велигденскиот саем во ова училиште се организира трета година по ред, од кои последниве две години се реализира во соработка со партнер училиштето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk