Вељановски ги распиша изборите на 5 јуни

15.04.2016 10:24 | KumanovoNews

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ги распиша предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 5 јуни.

Вељановски ги распиша изборите на 5 јуни

„Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“,- стои во соопштението до медиумите.

Тој се надева дека сите ќе се вклучат во изборниот процес и ќе придонесат изборите да поминат во демократска и фер атмосфера.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk