Велосипедист од Вело-М ќе учествува на Светско првенство во Италија

30.08.2018 08:12 | KumanovoNews

Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб Вело-М, ќе учествува на Светското првенство во друмски велосипедизам, кое викендов ќе се одржи во Варезе, Италија.

Велосипедист од Вело-М ќе учествува на Светско првенство во Италија

Ристовски ќе се натпреварува во силна конкуренција од 420 велосипедисти од целиот свет, а силите ќе ги одмерат на стаза долга 130 километри. Трката ке се вози во недела.

- Како личен тренер на Зоран очекувам врвен пласман во првите 10 позиции. Ристовски покажа извонредни резултати на тренинзите и претходните трки така што очекуваме и во Италија да го држат "добри нозе", - вели Марјан Петковски, спортски директор во Вело-М.

Ристовски годинава веќе настапи на 2 вакви големи манифестации од која една беше Европско Првенство во планински велосипедизам каде го освои 9. место.

На претходното Европско првенство во 2014 година, Ристовски се избори за 6. место и доби класификација од АМС "Спортист од светска класа".

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk