Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесет и петгодишен велосипедист вчера беше повреден на улица “Никола Тесла“, во сообраќајна несреќа со автомбил пунто.
Несреќата се случи во 10.30 часот, по што повредениот велосипедист со возило на Брза помош е пренесен во Општа болница Куманово, а оттука е упатен во Скопје за операција.
Донесен е 65-годишен маж повреден при пад од велосипед. Има скршеница на лева надколенична коска, други повреди не евидентирав. Човекот е во свесна состојба, компатибилен и вон животна опасност. Пациентот мора да биде опериран, нема остеосистемски материјал за тој тип на операции па ќе го пратиме во Скопје на клиника - изјави Методија Димковски, началник на хирургија во Општа болница Куманово.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk