Велосипедистот Ристовски меѓу 20. најдобри на трката во Италија

03.09.2018 13:21 | KumanovoNews

Во конкуренција од 420 велосипедисти, кумановецот Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб Вело-М, освои 20 место на Светско првенство во Варезе, Италија.

Велосипедистот Ристовски меѓу 20. најдобри на трката во Италија

 - Стазата беше екстремно тешка, стартував во последните позиции и потрошив многу енергија додека се префрлам во челните позиции, ова е една од најтешките трки која што ја имам возено и задоволен сум од резултатот кој го постигнав, ова за мене е голема мотивација повторно да се обидам за подобар резултат на слична манифестација - изјави Ристовски.

Задоволни од резултатот се од клубот Вело-М, бидејќи во силна конкуренција Ристовски ги исполни очекувањата и трката ја заврши во главната група завземајќи го 20 место.

На стартот во Варезе се појавија неверојатни 420 возачи од целиот свет кои силите ги одмерија на стаза долга 130 километри, времето за кое ја извозија трката беше 3 часа и 36 минути.

Велосипедистот на Вело-М Термалифт Зоран Ристовски беше единствен  претставник од Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk