Вербален инцидент во Советот

15.03.2012 15:23 | KumanovoNews

 Жестока расправија денеска изби на седница на Советот на Oпштината, меѓу претседателот на Советот и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Вербален инцидент во Советот

 Двајцата советници Виктор Цветковски и Бобан Николовски, се скараа околу водење на седниците, и тоа, кој колку пати има право да реплицира. Откако претседателот на Советот му даде можност на градоначалникот по втор пат да одговора на прашање на советникот Миле Јакимовски, започна недоразбирањето. Николовски го обвини Цветковски дека не се држи до деловникот и работи на своја рака.

Од овој перфиден начин на водењето на седниците на сите веќе ни е преку глава. Не можете да ја водите седницата онака како што на вас ви одговара. Прво требаше да ми дадете збор, а вие максимално не го почитувате деловникот. Срамота е ова што го правите- викаше Николовски.

Тоа го испровоцита претседателот да даде пауза од 10 минути.

 Давам 10 минути пауза, не може Николовски да ни држи предавање. Елементарно научете се малку култура да покажете. Тотално некултурни сте.  Очигледно немате други аргументи, па го толкувате деловникот како сакате- му возврати Цветковски.

По прекинувањето на седницата, жолчната расправа се пресели во ходникот. Двајцата советници се објаснуваа кој е во право во толкување на деловникот, а нивните колеги беа постојано покрај нив да не дојде до поголем инцидент.

Советниците кои гледаа сеир на целата работа, коментираа дека власта и опозицијата како почнале, и физички ќе се пресметуваат на седниците само да го истераат своето.

Кога се смирија страстите седницата продолжи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk