Вербална расправија заврши со убиство во Липково

19.04.2020 20:28 | KumanovoNews

Четириесет и тригодишен жител на Липково вчера е прободен со нож по вербална расправија со соселанин.

Вербална расправија заврши со убиство во Липково

Според СВР Куманово, убиството се случило вчера околу 18 часот во с. Липково, кога Б.С (43) од с.Липково, по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го пробол Ј.С.(43) од с.Липково. Од задобиените повреди Ј.С. починал.

Убиството во полиција го пријавил доктор Итна медицинска помош, кој кажал било донесено починато машко лице со убод од нож.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk