Верижен судир на неколку возила на автопатот, едно лице повредено

18.12.2019 10:22 | KumanovoNews

Во сообраќајна незгода на автопатот Куманово - Табановце едно лице е повредено, откако дошло до верижен судир на четири автомобили.

Верижен судир на неколку возила на автопатот, едно лице повредено

Незгодата се случила вчера во 17.00 часот кај селото Долно Конјаре, помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(53) од с.Ваксинце и автомобил „дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(23) од с.Табановце, кумановско.

Притоа, возилото „мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ на С.С.(45) од с.Оризаре и паркирано патничко возило „форд галакси“ на И.Р.(45) од с.Черкези, кумановско.

Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk