Верижен судир на патот Куманово-Крива Паланка

02.01.2013 10:19 | KumanovoNews

 На патот од Куманово кон Крива Паланка, во м.в. Ливаде, утрово се случила верижна сообраќајка во која учествувале два автобуси, еден минубус, едно комбе, два камиони и три автомобила.

Верижен судир на патот Куманово-Крива Паланка

Според првичните информации во сообраќајната несреќа нема жртви, но  причинета е голема материјална штета.

Утринава на овој патен правец имало густа магла со намалена видливост и голомразица на патот. Несреќата се случила во 7.30 часот.

Полицијата по направен увид ќе утврди кои се причините за сообраќајната несреќа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk