Верниците на Водици ќе скокаат по светиот крст

18.01.2016 11:01 | KumanovoNews

Верниците утре на неколку места во Куманово ќе скокаат по светиот крст.

Верниците на Водици ќе скокаат по светиот крст

Во црквите „Света Троца“ и „Свети Никола“ утре во 8.30 часот ќе започне литургија, по што во базените во дворовите на овие две цркви ќе се фрла крстот. Во “Свети Никола“ со литургијата ќе чиноначалствува владиката Кумановско-осоговски Јосиф.

Оние кои ќе дојдат утре ќе можат да се фрлаат по светиот крст. Важно е верниците да дојдат, да земат богојавленска вода, осветена, се кажуваат мотливи и таа има моќ - вели отец Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско-осоговска епархија.

Крст утре ќе се фрла и во реката во Бедиње, како и на базенот во Проевце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk