Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на воени и полициски ветерани во понеделник ќе ја одбележи 73 годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
По тој повод во 18 часот во Клубот на ветераните, кој го носи името на Карпош, ќе се одржи пригодна свеченост.
На присутните ќе им се обрати претседателот на здружението Драган Стојмановски, за ликот и делото на Карпош ќе говори Звонко Николовски од Народниот музеј, а ќе се промовира и книга за Карпош од Јордан Цеков Дане. Со неколку точки ќе се претстават учениците од основното училиште „Христијан Карпош“ од населбата „Перо Чичо“.
На прославата се поканети претставници на локалната самоуправа и македонското Собрание.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk