Ветераните ќе го пошумуваат Младо Нагоричане

27.10.2014 10:53 | KumanovoNews

Членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани Куманово, во ноември ќе организираат акција за пошумување на селото Младо Нагоричане.

Ветераните ќе го пошумуваат Младо Нагоричане

За таа цел доставиле барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да им се доделат садници за пошумување.

 “Сакаме да направиме добро дело за природата, да има зеленило, да биде воздухот чист. Побаравме дрвца од ресорното министерство, а ние ја нудиме нашата работна сила со што ќе придонесеме за еколошки чиста средина“ - вели Киро Соларски, организационен секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани Куманово.

Тие лани засадија дрвца во дворот на нивниот клуб “Христијан Т.Карпош“ и оваа година сакаат да продолжат со истото темпо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk