Ветераните ќе ja пошумуваат Студена вода

16.02.2015 11:17 | KumanovoNews

Членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани, планираат да пошумуваат на месноста Студена вода во село Доброшане.

Ветераните ќе ja пошумуваат Студена вода

  Тоа ќе го направат кога ќе се разубави времето, а нивна цел е ова излетничко место да заживее и да биде посетувано не само за 1 и 2 мај, туку и за викенди.

“Пошумувањето на Студена вода ни е ставено во програмата за работа за 2015 година. Побаравме и одобрено  ни е да ја пошумуваме таа локација. Од “Македонски шуми“ го разгледаа теренот и сметаат дека има услови за пошумување. Наша цел е тука да се направи игралиште, да се исчистат чешмите, да се направи плато, да се обнови споменикот за што ќе бидат потреби повеќе финансиски средства“ - вели Киро Соларски, секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани.

Садници за пошумување ќе бидат обезбедени од “Македонски шуми“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk