Ветераните го одбележаа роденденот на Тито

25.05.2021 18:28 | KumanovoNews

 Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово, придружувани од бројни граѓани – почитувачи на ликот и делото на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, денеска на Градскиот плоштад положија букети свежо цвеќе.

Ветераните го одбележаа роденденот на Тито

Со тоа го одбележаа 25 мај - Денот на младоста и роденденот на претседателот на заедничката држава.

За ликот и делото на некогашниот врховен командант на оружените сили на Југославија пред неговиот споменик говореше полковникот во пензија Томислав Стојковски.

Цвеќе по повод роденденот на Тито, положија делегации од Општина Куманово и Советот на Општината, предводени од градоначалнико Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk