Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружение на армиски и полициски ветерани во Куманово, со „Карпошова вечер“ го одбележаа 7 февруари- денот на загинување на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.
По повод 76-годишнината од смртта на команданотот, прв се обрати претседателот на Здружението, Драган Стојмановски, кој го истакна значањето на народноослободителниот херој во ослободувањето на земјата.
- Одбележувајќи го денот од загинувањео на народниот херој Христијан Тодоровски-Каруш, великанот на Македонија, со гордост се сеќаваме на славната Народноослободителна и антифашистичка војна, како дел од антихитлеровска коалиција со која е поразен фашизмот, најмрачната и најреакционерната идеологија на дваесетиот век. Ние кумановци сме горди и среќни што беше наш сограѓанин, но длабоко жалиме што не ја дочека слободата и создавањето на државата за која го положи својот живот,- додаде претседателот Стојмановски.
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, им се заблагодари на сите поддржувачи на ликот и делотот на борците од НОБ и истакна дека Куманово е град кој низ својата вековна историја покажал како се сака својата држава, меѓу кои и името на херојот Карпош.
- Јас сум горд што потекнувам токму од малото каде што израснал Карпош, каде неговото семејство во кумановски дух го воспитало. Благодарејќи на неговата борба и покажувајќи со сопствен пример како се сака државата и како се почитува народот, оставил простор Македонија да се развива. Во тој дух да го следиме тоа и сите заедно да продолжиме да се бориме за поубаво утро на идните генерации. По нивниот пат, за Македонија секогаш и напред,- порача Димитриевски.
Миланка Миловановиќ Зафировска, во чест на одбележувањето на овој ден се присети на зборовите на Карпошовиот соборец Јордан Цеков Дане, дека пофалба заслужува само оној кој настаните од минатото ги бележи за потомството во иднина.
- Син на сиромашно семејство, вистински патриот, активист во Младинските кружоци, борец во Кумановските партизански обред и Кумановскиот партизански баталјон. Забележани се историските вистини за борбите на Карпош во Козјак и Козјачијата. Од 1940 преку илегалните кружоци на работничката младина до поврзување со партизаните во Врање, Карпош прераснува во партизанска легенда. Во револуционерното прераснување се остварува животниот сон на Карпош, осоено кога букнаа борбите на Дренак Во борба, борба до крај и борбите продолжуваат за него,- рече на свеченоста Милановиќ.
При крајот на вечерта, учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Куманово рецитираа песнички во чест на херојот, а вечерта свечено беше затворена со документарниот филм за Карпош во продукција на Здружението на армиски и полициски ветерани, а под покровителство на Општина Куманово.
Минатата година нѐ напуштија и последните Карпошовци. Почина првоборецот Даме Цеков, Карпошов соборец, командир на прва чета во одделот, а потоа и Командант на Трета Македонска Ударна Бригада, како и Карпошовиот курир Милутин Ѓуровски-УТЕ. Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово со градоначалникот Максим Димитриевски им оддаде достојна војничка почест.
(Ф.М)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk