Ветераните на 8-ми септември ќе положат цвеќе на повеќе локации

04.09.2015 09:45 | KumanovoNews

Претставници од Здружението на армиски и полициски ветерани Куманово, на 8 - ми септември-Денот на независноста, ќе положат цвеќе на повеќе локации низ градот.

Ветераните на 8-ми септември ќе положат цвеќе на повеќе локации

Цвеќе ќе положат на Спомен костурница, Менкова колиба, Студена вода и во центарот на градот на спомен обележјето Жена борец.

Секоја година го практикуваме истото, според нашиот план и програма. Тоа е ден на независноста и во темелите се ставени коските на оние кои први излегоа да се борат. Спомен обележјата се тотално запуштени и се опкружени со смет, а надлежните немаат осет да ги заштитат - рече Драган Стојмановски, претседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.

Стојмановски вели дека нивните иницијативи за заштита на историските споменици не вродиле со плод, поради незаинтересираност на надлежните институции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk