Ветераните со 34-ти традиционален марш на Дренак

09.12.2015 14:06 | KumanovoNews

Здружението на армиски и полициски ветерани, утре организира марш на Дренак, во чест на битката која се одиграла во 1943 година.

Ветераните со 34-ти традиционален марш на Дренак

Членови на Здружението и месното население ќе положат цвеќе на споменикот на загинатите борци во селото.

По пристигнување во село Дренак, учесниците на маршот ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјето во село Дренак, ќе бидат евоцирани спомени за битката на Дренак, ќе оддадеме почит на седумте загинати во таа битка“-рече Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружението на армиски и полициски ветерани.

Се одбележуваат 72 години од битката, а маршот се организира по 34-ти пат. Во оваа битка баталјонот Јордан Николов-Орце со командантот Христијан  Тодоровски-Карпош извојувал победа против фашистичкиот окупатор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk