Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на армиски и полициски ветерани од активниот и резервен состав (ЗАПВАРС) на трибина во нивниот Клуб се изјаснија дека безрезервно стои зад Програмата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на политичката борба на лидерот на СДСМ,Зоран Заев.
Зоран Заев, придружуван од првите социјалдемократи на Куманово и на генералниот секретар на СДСМ и министер на МВР Оливер Спасовски, во Клубот на ветераните „Христијан Карпош“ беше пречекан со овации и со френетични аплаузи со кои беа проследувани и сите делови од неговото обраќање што се однесуваат на досегашните и идните активности во правец на „ослободување“ на Македонија и на државните институции од актуелната власт.
“Се‘ што Никола Груевски говореше на стартот на нашиот проект “Вистината за Македонија“ се урна како кула од карти. Излезе на виделина целата вистина за начинот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Притерани се до ѕид со сите нивни лаги и измами. Симнати се од облаците во кои живееја отуѓени од народот.Ќе бидат поразени на идните избори, а на истите ќе излеземе само доколку бидат кредибилни, со прочистен изборен список, со ослободувањето на медиумите и раздвојувањето на политиката и администрацијата“- рече Заев на трибината.
Во дебатата потоа стана збор и за актуелните состојби во медиумите, за внатре-партиската кадровска политика во СДСМ, за проблемите во одбраната и други актуелни прашања содржани во изборната програма на Социјалдемокреатскиот сојуз на Македонија.
(Ст.Б.)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk