Вежба за спасување од поплави ќе се одржи во Куманово

20.11.2018 08:39 | KumanovoNews

Теренска симулативна вежба – поплава со повредени, давеници и повредени бремени жени, во огранизација на Општина Куманово и Регионален центар за управување со кризи, Министерство за здравство, Светска здравствена организација и Фонд за население на Обединети Нации, утре (среда) во 12 часот ќе се одржи во паркот зад Автобуската станица.

Вежба за спасување од поплави ќе се одржи во Куманово

 Вежбата „Поплава со поголем број повредени и давеници“ ќе се спроведе на локација -улица „Братство и Единство“, на речното корито на реката Липковка, паркот спроти Автобуска Станица. Цел на симулационата вежба е да се тестираат посебните Стандардни оперативни процедури (СОП) од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи на Република Македонија и Планот за одговор при кризни состојби на ЈЗУ Општа Болница Куманово,- соопштуваат од Општината.

Учесници на симулативнатата вежба ќе бидат: Итна медицинска помош при Здравствен дом – Куманово, Општа Болница – Куманово, Црвен Крст на РМ, Црвен Крст на ОО Куманово и ТППЕ Куманово, Општина Куманово, СВР Куманово, РЦУК – Куманово, ДЗС ПОЗС – Куманово и НВО ХЕРА.

Од Општина Куманово ги информираат граѓаните дека утрешната вежба е симулација на непогода, за да не се создава паника и погрешна проценка на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk