Вежбајте со најдобрата Збирка задачи по математика за 1 година

17.10.2019 12:07 | KumanovoNews

Оваа збирка е создадена од тим кој на времето бил број еден во државава, а потврда за тоа е и нејзината долгогодишна употреба и интерес кој трае до ден денеска.

Вежбајте со најдобрата Збирка задачи по математика за 1 година

Концепциски е работена според наставната програма за 1 година на средното образование, и е поделена на два дела:

1. Првиот дел се задачите.

Посветено е внимание за нивен избор и редослед. Тие се средувани како по сродност така и по сложеност. Значи се почнува со едноставни задачи за на крај да дојдат сложените. На крај на секое поглавје се понудени и дополнителни задачи, кои се наменети за ученици со посолидни математички знаења.

2. Вториот дел се одговорите, упатствата и решенијата. Како што е дадена редоследноста на задачите, така следуваат и нивните решенија. За сите задачи постои решение или одговор, а за некои и упатство за решавање.

Онаму каде што е потребно се дадени неопходни дефиниции, теореми и формули.

Преку решавањето задачи се вежба изучениот материјал, и истите треба да се вежбаат самостојно.

РЕШАВАЊЕТО ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА НЕ Е ЦЕЛ ЗА СЕБЕ, ТУКУ ПОТТИК ДЕКА ВЕЖБАЊЕТО ОДНОСНО ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk