(ВИДЕО) Мартин Крстиќ: Младите треба сами да се изборат за подобро место во општеството

15.03.2024 12:25 | Теодора Стоевска

Куманово наскоро ќе добие Локален млaдинскиот совет кој ќе ги застапува интересите на младите. Преку него ќе се обидеме да го направиме Куманово по мерка на младите, вели Мартин Крстиќ службеник во Канцеларијата за млади во Општина Куманово, во интервју за Кумановоњуз.

(ВИДЕО) Мартин Крстиќ: Младите треба сами да се изборат за подобро место во општеството

„Локалниот младински совет е советодавно и застапувачко тело, кое ќе ги застапува младите и ќе има моќ на седница на Совет на Општина Куманово да предложи точка на дневен ред, која доколку биде изгласана од советниците ќе биде разгледувана и дискутирана“, вели Крстиќ.

Тој смета дека младите ги засегаат проблеми од образованието, културата, спортот, недостасуваат повеќе финансиски средства за спортот и спортските клубови, но и велосипедски патеки како и поголеми паркови за прошетка.

„Овие и другите проблеми ќе се решат само ако младите се изборат за промените во градот и во државата“, вели Крстиќ меѓу другото во разговорот. 
  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk