Викендов 50 пијани возачи по кумановските улици

28.07.2015 07:47 | KumanovoNews

Кумановската полиција викендов откри дури 50 пијани возачи откако изврши контрола на 259 автомобили.

Викендов 50 пијани возачи по кумановските улици

На подрачјето на Општина Куманово викендот спроведени се зајакнати контроли во сообраќајот при што полициските службеници контролирале вкупно 259 возачи и возила.

 Според СВР Куманово, при извршената контрола констатирани се 80 прекршоци на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и законот за возила. Најголемиот број на прекршоци се констатирани за управување на возило под дејство на алкохол и тоа во 50 случаи и 8 за управување на возило пред добивање на возачка дозвола. Констатирани се и 9 прекршоци за нерегистрирани возила и 5 за возачи почетници.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не се управува со моторно возило под дејство на алкохол и сите возачи да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи поради сопствена безбедност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk