Викендов почнува летното сметање на времето

28.03.2025 07:53 | KumanovoNews

Викендов ќе започне летното сметање на времето во Македонија, како и во сите европски земји.

Викендов почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред, што ќе се случи на 30 март во 02:00 часот. Овој премин од зимско во летно време се спроведува секоја година, а со тоа денот ќе биде подолг, а ноќта пократка.

Во последните години многу земји се обидуваа да го укинат летното сметање на времето, Европската унија во 2016 година покрена иницијатива за оваа променa, која, сепак, не беше успешна.

Како резултат на тоа, летното сметање на времето ќе продолжи најмалку до 2026 година, кога може да се очекуваат нови дискусии на оваа тема.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk