Виктор Цветковски носител на листа во изборна единица 2

28.03.2014 12:34 | KumanovoNews

Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ е носител на листа во изборна единица 2.

Виктор Цветковски носител на листа во изборна единица 2

 Фактот дека наш сограѓанин е носител на листа на изборна единица број 2 говори дека општинската организација ГРОМ Куманово има одлична позиционираност и е една од водечките општински организации на ГРОМ на ниво на државата.Генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски е првиот кумановец носител на листа на нашата изборна единица - изјави Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово.

Таа додаде дека уште четворица кумановци се влезени на листата за изборната единица 2, но нивните имиња дополнително ќе бидат соопштени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk