Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Виктор Петковски (22) од населбата Долно Којнаре го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Петковски беше најсреќан од дваесетината момчиња кои ја продолжија традицијата и за големиот празник Богојавление-Водици скокаа по крстот.
„ Очекувам многу здравје, среќа, мир и благослов на сите. Се надевам дека оваа година среќата ќе ми донесе вработување , - изјави Виктор.
Од црквата и спонзорите среќното момче доби икона и подароци.
Тој скока по крстот по седми пат, но не се надевал дека ќе го фати, бидејќи и пред една година крстот завршил во неговите раце. Им препорачува на сите млади да се охрабрат и да скокаат по крстот и да го почувствуваат задоволството верската припадност.
На фрлањето на светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ присуствуваа голем број на граѓани. Откако запалија свеќи и се помолија за здравје, верниците наполнија од осветената вода.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk