Викторија Лоба и Тајзи гости на новата шопинг акција во „Алфи“

17.05.2018 07:03 | KumanovoNews

Викторија Лоба и Тајзи се  гости на големиот хепенинг што го организира „Алфи- Техноцентар“, под мотото „Ајде да купуваме ефитно“, кој ќе трае од утре до понеделник за сите верни потрошувачи, клиенти и граѓаните на Куманово.

Викторија Лоба и Тајзи гости на новата шопинг акција во „Алфи“

Акцијата започнува утре во салонот на „Алфи- Техноцентар“ во населбата Карпош, и покрај добра забава за посетителите се обезбедени попусти и до 55 отсто на целокупниот асортиман. Ќе можете да најдете најразлични производи за уредување на вашите дворови, градини и балкони  пред да започнат летните горештини, како и големи попусти на санитарии, лустери, играчки за деца, бела техника и апарати за домаќинство.

Во сабота од 18 часот ќе започне музичкиот хепенинг на кој специјално гости се Викторија Лоба и Тајзи, кои ќе се погрижат за добра забава. Во недела со секоја сметка над 599 денари следува гратис оброк.

Нашиот салон е познат по најниските цени и големите акции кои ги организираме. Овој пат решивме акцијата да биде поразлична, со многу гости и интерактивна содржина. За време на акцијата голем број компании ќе одржат презентации на своите прозиводи, а за музичкиот дел не се ни сомневаме дека ќе биде одличен. Хепенингот оваа година ќе понуди многу новитети со што Алфи Техноцентар ќе биде омилена дестинација за секого во викендот кој доаѓа. - изјавија од Алфи Техноцентар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk