ВИП МЕДИКАЛ чекор кон врвот - нов дијагностички центар во Врање

10.08.2022 08:30 | Сузана Николиќ

Нов современ дијагностички центар ВИП Медикал, кој се наоѓа на влезот во Врање, на улицата „Радничка“ бб, спроти фабриката Алфа Плам и салонот за мебел Форма Нова, неодамна започна со работа. 

ВИП МЕДИКАЛ чекор кон врвот - нов дијагностички центар во Врање

Во идеален простор од 1300 м2 опремен е со најсовремени дијагностички апарати: магнетна резонанца Филипс 1,5 Т, мултислајсен скенер, дигитален рентеген, дигитален мамограф, специјалистички ординации со посебен осврт на физикална медицина, рехабилитација и дерматовенерологија.

ВИП Медикал, со двата здравствени дома, со две амбуланти и новиот дијагностички центар, го потврди статусот на најголема приватна здравствена установа во Србија, надвор од Белград. 

„Почитувани пријатели и соработници, ви благодариме на довербата, затоа што вие ни давате сила за новите чекори кон врвот“, порачуваат од Здравствениот дом ВИП Медикал.

За сите информации во Врање заинтересираните македонски граѓани можат да се јават и да закажат термин на броевите +381 17- 444444 или +381 60-6440433.


(комерцијалан текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk