Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција„ и ул. „Пионерска“ веќе неколку дена е оштетен еден од семафорите за пешаци.
Кутијата во која се наоѓа семафорот е испадната од лежиштето, па сега виси и се држи само на кабелот на кој е приклучена на струја . Свртен наопаку семафорот работи, но го носат водушните струења и може лесно да се откачи и да падне.
Ако се скрши ќе повреди некој од минувачите, а жицата од која се напојува со електрична енергија ќе остане незаштитена и ќе претставува опасност за минувачите.
Апелираме до надлежните да го „спасат“ семафорот додека уште е „жив“ и работи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk