Висок притисок ги мачи кумановци

06.08.2014 12:00 | KumanovoNews

Кумановци претежно имаат проблеми со висок притисок, кој честопати е поврзан со шеќерот во крвта.

Висок притисок ги мачи кумановци

Ова го покажала праксата, и затоа лекарите советуваат граѓаните да внимаваат на своето здравје независно од годините.

 „Има граѓани кои се убедени дека се здрави, но кога ќе седнат на лекарското столче гледаат дека притисокот и шекерот не им е соодветен на возраста. Ги советуваме да обрнат повеќе внимание на своето здравје за да не дојде до несакани последици. Треба да се свесни дека се ранливи, дека здравјето се чува од младоста. Треба да се води сметка за правилна исхрана, претежно со растително потекло, свежо овошје и зеленчук„,  - вели Зоран Михајловиќ, лекар од Здравствен дом Куманово.

Тој нагласува дека многу важен дел за секој болен човек е редовното користење на терапијата.

  „Терапијата е многу ефикасна и го продолжува животот со десетици години. Затоа луѓето не треба да ја занемаруваат, туку треба да живеат здрав живот до длабока старост„, -додава доктор Михајловиќ.

Денеска пред Центарот за култура се спроведе акција за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта,  со цел да се спречи или навреме да се откријат одредени болести. Акцијата ја организира Министерството за здравство.

Повозрасните граѓани ја искористија можноста бесплатно да измерат притисок и шеќер во крвта и сметаат дека вакви акции треба да има почесто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk