Висока реализација на општинскиот буџет

12.03.2015 13:45 | KumanovoNews

Општина Куманово лани најмногу пари потрошила за плати на администрацијата, кредити и тековно работење, како и за помални капитални инвестиции, пред се изградба и реконструкција на улици и фекална и атмосферска канализација, реконструкција на училишта и друго.

Висока реализација на општинскиот буџет

Во 2014 година приходите се реализирани 90 отсто и изнесуваат 1,2 милјарда денари, а на расходната страна реализацијата е 88 отсто, со што 2 отсто од останатите средства се префрлаат за 2015 година.

“Потрошено е онака како што е планирано, согласно ребалансот кој што е изгласан во месец ноември. Трошоците се поделени на тековни и капитални. Од тековни има потрошено пари за нормално функционирање на општината, како и сите програми на општински и јавни претпријатија. Општината од капитални инвестиции има инвестирано во изградба на нови улици, реконструкција, изградба на затворениот базен, реконструкција на основни и средни училишта“ - изјави Ирена Илиевска, раководител на сектор за финансиски прашања во општина Куманово.

Илиевска додава дека лани општината исплатила 62 милиони денари на Министерството за финансии за кредит кој претходно го земало јавното претпријатије “Водовод“.

На вчерашната седница на Советот на општина Куманово, советниците ги изгласаа кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за 4 квартал од 2014 година, завршна сметка на буџетот на општина Куманово за 2014 година и годишен извештај на општина Куманово за 2014 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk