Високиот водостој на реките поволен за рибите

26.02.2015 09:46 | KumanovoNews

Високиот водостој на реките е поволен за рибите и се очекува добра риболовна година, велат од Спортско риболовно друштво “Пчиња“.

Високиот водостој на реките поволен за рибите

“Оваа година како и лани, водостојот е добар и не верувам дека ќе имаме суша преку лето. Тоа им одговара на рибите. Бидејќи Вардар е огромен, рибите се движат кон река Пчиња, а одтука и кон помалите притоки како Крива Река и Кумановка каде водата е помирна. Ако времето биде топло рибите порано почнуваат со мрестење, но ако биде студено процесот малку ќе се одложи“ - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

Сезоната на мрестење ќе почна за месец и половина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk