“Визиони М“ подели урми пред Рамазанскиот пост

17.06.2015 16:33 | KumanovoNews

Членови на културното здружение “Визиони М“ од Куманово, денеска на Градскиот плоштад поделија урми и флаери на граѓаните за позитивните ефекти од постењето, непосредно пред Рамазанскиот пост кој почнува од утре.

“Визиони М“ подели урми пред Рамазанскиот пост

Во фалерите е наведено дека верниците додека трае постот, треба да се воздржат од јадење, пиење, клетви, нареди, примамливи желби и слично.

“Сакаме да ги информираме граѓаните за постот и добрите страни на постот. Со овој настан сакаме да им посакаме лесно постење на муслиманските верници и да ги информираме за добрите работи во овој месец“- вели Севиме Џемаили, член на “Визиони М“.

Фалерите се испечатени на албански и на македонски јазик, а претставниците на оваа организација велат дека со овој настан сакаат да испратат и порака за соживот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk