Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска е вклучено уличното осветлување, откако општината го платила заостанатиот долг кон ЕВН, а надлежните служби ги отстраниле дефектите на спорните улици.
„Граѓаните треба да знаат дека тој проблем е надминат и оваа лоша комуникација која се случи на ниво на локалната самоуправа и јавното претпријатие, кое е задолжено да ги мониторира броилата и ЕВН. Затворен е тој проблем, мислам дека нема да имаме недоразбирања, ова е прв пат за 11 години да дојде до една таква лоша комуникација и исклучување“, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
На крајот на минатата недела без улично осветлување останаа улиците Октомвриска револуција, Трета МУБ, и населбата Карпош, откако ЕВН ги исклучи за две неплатени сметки. Истовремено уште на неколку улици имаше дефекти на регулаторот за вклучување, поради што граѓаните се пожалија дека половина град е во мрак.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk