Владата донесе одлука да се врати спортската сала и другите спортски објекти на Куманово

10.12.2019 20:06 | KumanovoNews

Владата на денешната седница донесе одлука спортската сала во Куманово и другите спортски објекти, кои дваесетина години беа под под концесија од приватни фирми, да се вратат на Општина Куманово.

Владата донесе одлука да се врати спортската сала и другите спортски објекти на Куманово

На општините Карпош и Кисела Вода им се враќаат спортските сали „Партизан” и „Расадник“ , а спортската сала „Кале“ ќе и биде дадена на трајно користење на Кошаркарската федерација.

„Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура“, - стои во соопштението на Владата.

Спортската сала, градскиот стадион, салата Соколана и градското стрелиште, за жал, се делумно или  целосно руинирани, па Општината ќе треба многу да инвестира за да ги стави во функција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk