Владата ги ограничи маржите за 10% и побара маркетите јавно да ги објавуваат цените

11.02.2025 20:29 | KumanovoNews

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе oдлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници.

Владата ги ограничи маржите за 10% и побара маркетите јавно да ги објавуваат цените

Листата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните. 

“Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес и да трае заклучно до 30.04.2025 година. Влада им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.
Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кои од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите.  Дополнително Владата го задолжи и Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други кај што ќе може да се разгледуваат и други предлози и мерки коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба“, соопшти Владата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk