Владата ги прекинува мерките и препораките поради аерозагадувањето

22.01.2019 11:20 | KumanovoNews

Владата ги прекина мерките и препораките поради енормното аерозагадување откако по два последователни дена среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 g/m3 на мерните места Центар, Карпош и Ректорат во Скопје, Миладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.

Владата ги прекинува мерките и препораките поради аерозагадувањето

Препораките и мерките остануваат на сила само во Струмица каде што е надминат прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови).

Почнувајќи од утре, 23 јануари, се укинуваат мерките и препораките кои вклучуваат ослободување од работа на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, потоа намалување до 50 проценти на употребата на службените возила. Исто така, се укинува препораката за ограничување на работите на градежните објекти.

Со одлуката на Владата се укинува и порепораката да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и обезбедување прифатилишта за бездомници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk