Владата ги „замрзна“ цените на основните артикли

04.12.2021 13:41 | Сузана Николиќ

Владата на денешната седница донесе одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Владата ги „замрзна“ цените на основните артикли

Цените ќе бидат замрзнати на нивото од 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

„Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда. Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало. Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа“, соопштуваат од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk