Владата ја укина обврската за носење маски на отворено и други ограничувања

02.06.2021 06:53 | KumanovoNews

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување рестриктивните мерки за спречување на ширење на ковид-19.

Владата ја укина обврската за носење маски на отворено и други ограничувања

 Владата соопшти дека почнувајќи од вчера, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

- Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

- Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;

- Се укинува забраната за групирање на јавен простор;

- Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;

- Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;

- Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина и

- Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk