Владата не ги продолжи антикризните мерки - поскапуваат храната и горивото

31.05.2022 16:34 | KumanovoNews

Цените на основните прехрамбени производи и горивата, се очекува да се зголемат, откако Владата на денешната седница не ги продолжи мерките за нивно ограничување.

Владата не ги продолжи антикризните мерки - поскапуваат храната и горивото

Тоа значи дека се враќа 5 отсто ДДВ на лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца.

Истовремено завршува рокот за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто за: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

Се очекува цената на лебот да се зголеми за околу шест денари, а цената на горивата и до 10 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk