Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата обезбеди 34.000 маски за граѓаните на Куманово. Маските денеска се доставени до Општинскиот штаб за заштита и спасување на и наредните денови ќе се делат бесплатно на граѓаните.
Покрај Куманово заштитни маски ќе добијат и жителите на Тетово 34.000 и 32.000 Прилеп, како општини со најголем број на заболени од корнавирус.
Од завчера во Куманово, а од вчера во целата држава донесена е одлука за задолжително носење на заштитна опрема, пред се маска или шал на улица и во затворени простории.
Личната заштитна опрема за покривање на носот и устата може да биде респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна или свилена марама или шал, бандана и слично.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk