Владата со нов закон ќе ги затвора дивите депонии и ќе го зголемува рециклирањето

10.05.2019 15:23 | KumanovoNews

 Министерство за животна средина и просторно планирање подготвува Закон за управување со отпадот, со кој би се воспоставил функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта.

Владата со нов закон ќе ги затвора дивите депонии и ќе го зголемува рециклирањето

Во објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека новиот закон ќе се овозможи регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, со што ќе се зголеми степенот на заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, а сето тоа ќе биде чекор напред кон овозможување на циркуларна економија за овој сектор, пренесува Мета.мк

Како главна цел на новото законско решение е наведено овозможување подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот преку намалување на депонирањето, односно намалени количини на отстранет отпад, а зголемување на преработката и рециклирањето на отпадот, зголемување на вработеноста во индустријата за отпад и обезбедување на поврзан пораст на приходите и БДП-то развивање на циркуларна економија, со што ќе се овозможи поголема искористенот на ресурсите, апроксимација на националното законодавство со европското.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk