Владиката Кирил за велигденските празници во кумановските цркви

22.04.2011 10:31 | KumanovoNews

  Владиката кумановско-полошки Кирил, во понеделник  на вториот  ден Велигден ќе  чиноначалствува во селото Тромеѓа, и ќе го освети новоизградениот храм  „Свети Ѓорѓи„ во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони.

Владиката Кирил за велигденските празници во кумановските цркви

Од Црковниот одбор ги повикуваат граѓаните  да присуствуваат на историскиот чин за нивното село. Осветувањето на црквата и првата боженствена литургија ќе започне во 9.15 часот, а во 11.30 часот ќе следува заеднички ручек и општонародна веселба.

Митрополитот Кирил, вчера на празникот Велики четврток, ги посети црквите „Света Петка„ во селото Бедиње, „Света Троица„ и „Свети Никола„ во Куманово.При тоа зеде учество во читање на 12-те Евангелија и го изнесе светиот крст во Распетието христово, пред голем број верници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk