Владимир Арсовски нов директор на АД за стопанисување со стамбен и деловен простор во Куманово

14.06.2018 06:02 | KumanovoNews

Владимир Арсовски од Куманово е нов директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, подружница Куманово.

Владимир Арсовски нов директор на АД за стопанисување со стамбен и деловен простор во Куманово

  Избран е вчера на седница на управен одбор на бордот на директори на АД.

Арсовски по професија е дипломиран економист, работеше во ЈП „Чистота и зеленило“, а од неодамна во АД за стопанисување со станбен и деловен простор“.

Новиот директор доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Русе Димовски.

  Арсовски неодамна беше избран за координатор на Североисточниот регион на СДСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk