Владислав Трајковски нов претседател на младите на СДСМ

31.01.2014 15:48 | KumanovoNews

Владислав Трајковски - Тутан ќе биде нов претседател на Социјалдемократска младина на Куманово.

Владислав Трајковски нов претседател на младите на СДСМ

Како што дознаваме од партиски избори Трајковски има најголема подршка меѓу сопартијците и за него се изјасниле сите 52 месните одбори.

 Изборната конференција ќе се одржи во понеделник во 19 часот во големата сала во поранешен "Комитет", а ќе присуствува и Стефан Богоев, претседател на младите социјалдемократи на Македонија.

На конференцијата ќе бидат изберени и членови на управниот и надзорен одбор на младите.

Доегашен претседател на СДММ беше Младен Давидовиќ, кој стана советник во Советот на Општината Куманово.

(фото: Трајковски во средина, со досегашниот претседател Давидовиќ и секретарот на СДСМ Томица Илиќ)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk