Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ носител на листата во Втората изборна единица

12.03.2024 10:51 | Сузана Николиќ

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги објавија носителите на листи за претстојните парламентарни избори. Носител на пратеничката листа во Втората изборна единица ќе биде Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ носител на листата во Втората изборна единица

„Честа да ја предводам победничката листа на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за "Обнова на Македонија" во изборната единица 2 е огромна. Ќе настапиме позитивно, патриотски, народно и сеопфатно. Нашата визија за Македонија ќе пристигне секаде, до секого и секој дом. Нашата програма е победничка, а нашиот мотив е поголем од се.Тоа е програма која ќе донесе промени“, објави Мисајловски.

Мисајловски беше носител на листата и на предходните парламенатрни избори, а еден период беше министер за транспорт и врски. 

Во Втората изборна единица гласаат граѓаните од Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, Чучер Сандево и Арачиново.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk